Top
poucna

Поучна приказна: „Посреќен е оној кој дарува!“

Еден млад студент тргнал во прошетка со својот професор. Додека шетале и разговарале, покрај патот виделе еден пар стари обувки кои припаѓале на некој сиромашен селанец кој во близина работел во полето покрај патот.

Студентот му кажал на професорот: „Ајде да се пошегуваме со селанецот: ќе му ги сокриеме обувки, а потоа ќе се сокриеме позади грмушката и ќе ја набљудуваме неговата реакција додека ги бара обувките.“

Професорот му одговорил: „Момче, никогаш немој да се шегуваш на туѓата мака и сиромаштија. Бидејќи си богат, можеш да си дозволиш поголемо задоволство отколку овој сиромав човек. Стави златна паричка во секоја негова обувка, па тогаш ќе се сокриеме и ќе ја набљудуваме неговата реакција.“

Студентот го сторил тоа и двајцата се сокриле зад некоја грмушка во близината. Селанецот си ја завршил работата и набргу стигнал до местото каде што ги оставил палтото и обувките. Додека го облекувал палтото, ја обувал едната обувка забележал дека има нешто во неа. Помислил дека е некое камче, но набргу видел дека тоа е златна паричка.

Зачудено погледнал паричката, погледнал околу себе и ја набљудувал паричката некое време. Повторно погледнал наоколу, но не видел никого. Ја ставил паричката во џеб, па почнал да ја обува другата обувка. Но изненадувањето било уште поголемо кога и во неа имало паричка. Одеднаш го совладале емоции. Се фрлил на колена, ја дигнал главата кон небото и гласно почнал да кажува молитва во знак на благодарност.

Во молитвата ја споменувал својата болна и беспомошна жена и своите деца кои што се без леб, а благодарејќи на невидливата рака која му пратила пари, тие ќе бидат спасени.

Студентот бил трогнат, со солзи во очите. Професорот го прашал: „Дали би бил посреќен ако се пошегуваше со овој селанец од колку што си сега?“

Студентот му одговорил: „Ме научивте лекција која никогаш нема да ја заборавам. Сега навистина ги разбирам овие зборови кои порано не сум ги разбирал: Посреќен е оној кој дарува, отколку оној кој е даруван!“




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>