Top
Srekjno_semejstvo_iLike_mk

5 навики на здравите семејства

Начинот на живот влијае и врз здравјето, па ако негувате стил на живот кој пропагира навики добри за организмот, тоа ќе се забележи и на вашиот дух и тело. Има неколку начини со чија помош Вие и Вашето семејство можете да практицирате здрав начин на живот:

ПОЈАДОК И РУЧЕК
Прескокнување на оброкот е лошо за организмот. Појадокот е најважниот оброк кој ќе ви даде енергија, затоа се препорачува наутро да јадете житарици богати со хранливи влакна, а за ручек изберете на пример протеини и зеленчук. Ваквата исхрана ке Ве наполни со енергија за целиот ден.

ЗАЕДНИЧКО ВЕЖБАЊЕ
Дозвлете си заедничко важбање од 20 минути и меѓусебно почитувајте се. На пример, можете заедно да трчате на кеј, да возите веоспиед, да се искачувате на Водно и слично.

ЗАЕДНИЧКА ВЕЧЕРА
Воведете ритуал за заедничко дружење на вечера. Обично навечер сите се дома, па кога ќе седнете на вечера сите заедно можете да уживате и во пријатен разговор.

УБАВИ ПРИКАЗНИ ЗА ЛЕСЕН СОН
Читајте им на децата приказни за добра ноќ, а понекогаш дозволете им и нив да ви раскажат некоја. Ним тоа ќе им биде интерсно, барем на почетокот, а после приказната и тие и Вие полесно ќе заспиете.

ОДНЕСУВАЊЕ И ЗЕМАЊЕ УБАВИ ПРИМЕРИ
Вашите деца во повеќето случаеви ќе се огледаат на вас. Ако Вие нездраво се храните, ако сте мрзливи, ако не си легнувате на време – тешко ќе му објасните на вашето дете дека сепак тоа е погрешно.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *