Top
happy-couple

Мажите открија што треба да има идеалната жена

Кога станува збор за живот, чувства, љубов и врска жените се многу покомплицирани од мажите. Спроведена анкета дава интересни резултати во поглед на прашањето „Што треба да има идеалната жена?“. Испитаниците биле мажи на возраст над 20 години кои требало да одговорат кои особини треба да ги има нивната идна сопруга. Меѓу најинтересните одговори се вбројуваат следниве:

  • „Да го сака она што го сакам јас и да ужива со мене гледајќи спортски настани и филм – акција.“
  • „Да биде моја љубовница, но и моја најдобра пријателка. Ниту една врска не е совршена, но најважно е да е искрена.“
  • „Да биде едноставна, спонтана и искрена личност.“
  • „Да биде факултетски образована.“
  • „Секогаш да биде средена и нашминкана, да носи секси долна облека и да има совршени облини.“
  • „Да биде „откачена“, подготвена за акција и да може да го следи моето темпо.“
  • „Секогаш мора да биде покрај мене, поддржувајќи ги моите одлуки како што јас би го правел тоа за неа.“
  • „Да ме обожава и потполно да ми верува исто како што би ѝ верувал и јас неа.“
  • „Да не ѝ биде проблем домот да го одржува среден и чист и убаво да готви.“
  • „Да биде амбициозна и да имаме исти интереси“



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>