Top
ljubov

Знаци кои покажуваат дека сте ја пронашле љубовта на својот живот

Вистинската љубов која ни носи неизмерна среќа е вистинско богатство. Можеби некои од вас ја имаат крај себе, додека пак други сеуште ја бараат. Ако имате нов партнер или сте запознале некој кој ви го „заматил“ умот, прочитајте како да дознаете дали станува збор за љубовта на вашиот живот.

Заеднички планови и соништа
Моментот кога заедно размислувате за иднината говори многу за јачината на вашата љубов. Доколку ваквото размислување ви влева страв и несигурност, тогаш дефинитивно не е вистинската љубов. Но, доколку со задоволство разговарате за иднината и со нетрпение ја очекувате, дефинитивно станува збор за најдлабоката љубов. Истото се однесува и за планирање на летниот одмор или пак некое патување. Колку е вашите планови поголеми и ве прават посреќни, толку е вашата љубов посилна.

Дела
Вистинската љубов не се искажува со подароци, туку со дела кои говорат многу повеќе. Кога сте подготвени своите желби да ги ставите на второ место, само за да го поминете слободното време со својот партнер, значи станува збор за вистинска љубов. Слатките љубовни пораки кои му ги праќате без никаков повод или кога ќе му се јавите само за да му го слушнете гласот се доволен показател дека сте вистински вљубени.

Мисли
Врз мислите не можеме да влијаеме. Токму тие се најдобриот показател дали сте ја пронашле љубовта на својот живот. Ако партнерот е првата ваша помисла штом се разбудите и последната мисла ноќе пред да заспиете, несомнено е дека е вистинскиот.

Сличности и разлики
Заедничките цели и погледи кон нештата се многу важни за градење една стабилна и нормална љубовна врска. Тоа значи дека имате заеднички интереси кои ве водат и кои ќе ве водат низ животот. Подеднакво важни се и спротивностите. Ако имате различни карактери кои заедно функционираат совршено и се надополнувате еден со друг, имате љубов која треба да ја чувате.

Секс
Страста која ја имаме на почетокот на врската нема да трае вечно. Вистинската љубов не се крие во честите сексуални односи и во времетраењето на сексот, туку во силните емоции и убавината на самиот чин. Нежност, бакнежи и силните чувства кои ве водат до најсилен оргазам се показател дека личноста со која водите љубов е токму онаа вистинската.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>