Top
Pet-temi-na-razgovor-koi-ne-im-se-dopagjaat-na-mazhite-iLike-mk

Пет теми на разговор кои не им се допаѓаат на мажите

Додека женските разговори се долги и полни со емоции, мажите сакаат чувствата да ги задржат за себе. Ова се покажува најточно кога ќе стане збор за темите на разговор од кои мажите најмногу се плашат.

Разговорот за поранешните партнери
За мажите тој разговор е понепријатен бидејќи мора да слуша колкумина сте сакале претходно, со колку партнери сте биле итн. Знаат дека потоа ќе ги прашувате за нивните минати врски и се плашат дека по разговорот ќе бидете љубоморни на поранешните девојки.

Разговор за дефинирање на врската
Овој вид може да се подели на два дела, и тоа: какви чувства има кон Вас и дали гледа иднина во Вашата врска. Но, кој маж туку така би го оставил слободниот живот? Па, затоа овој разговор може да го направи да се чувствува заробено.

Разговор за заедничко живеење
Мажите доста внимаваат кога станува збор за ваквиот вид на разговор затоа што доколку одговорот е дека не е подготвен, ќе биде сфатен дека не е доволно посветен на врската. Ако пак, одговори дека не сака да живеете заедно, тогаш сигурно ќе следува и разговорот за раскинување, кој исто така не го сака.

Разговорот за брак
За еден маж тоа би значело засекогаш да се откаже од други жени, Вашето семејство да биде и негово, да се помири со тоа дека ќе почне да старее и да има деца. Сигурно веќе Ви е јасно зошто ваквиот разговор не е еден од омилените на посилниот пол.

Разговорот за деца
Со раѓањето на Вашето дете, партнерот знае дека сѐ што уживал да прави до тогаш, нема да може, како на пример спиење до доцна, излегување со пријателите, редовен секс и слично. Но, нема компромис во овој разговор бидејќи или ќе одлучите да имате деца во тој момент или не, па затоа мажите не го сакаат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>