Top
ljubov

Нешта за мажите кои мора да ги знаете

Поголемиот дел од мажите избираат љубовта да ја искажат со дела, наместо да кажат „Те сакам!“. Ова и уште многу нешта не им се логични на жените. Токму затоа, денес ви презентираме неколку едноставни машки навики кои мора да ги знаете.

  • Им треба подолго време да се „врзат“
    Овој факт сигурно ви дава одговор на многу прашања. Ако чекате да ве запроси или да преминете во друга фаза од вашата врска која вклучува заеднички живот, бидете трпеливи. На мажите им е потребно подолго време да ги направат тие сериозни чекори, бидејќи пред да се „врзат“ сакаат да бидат потполно сигурно дека вие сте вистинската.

  • Не сакаат многу да зборуваат
    Ако мислите дека само вие имате проблем со комуникација со својот партнер и не ве слуша кога му зборувате, не грижете се, не сте единствени. Психолозите велат дека повеќето мажи ги слушаат жените додека зборуваат, но немаат потреба да го потврдат тоа.

  • Сакаат време за себе
    Не станува збор за секојдневни дружби со пријателите со алкохол, туку за многу мали нешта кои многу им значат. Додека жените имаат потреба за секоја ситница да разговараат и да ја делат со партнерот, мажите сакаат тоа да го споделат со пријателите.

  • Секој е сличен со својот татко
    Не случајно постои поговорката „Каков татко, таков син“. Ако е прашувате од каде му е таковото однесување во врската, забележете го односот помеѓу неговите родители и однесувањето на неговиот татко.

  • Не се секогаш подготвени за акција
    Иако од женска перспектива се чини невозможно, и мажите имаат моменти кога не се расположени за секс. Кога велат дека се уморни или се под стрес, немојте веднаш да си правите филмови дека ве изневеруваат или дека не сте им секси.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>