Top

Типови на мажи кои треба да ги избегнувате

Постојат одредени типови мажи со кои во никој случај не смеете да започнете врска. Иако сигурно барем еднаш сте се нашле во таква ситуација, треба да бидете свесни и да ја прекинете таа врска. Прочитајте кои типови на мажи треба да ги избегнувате.

ЖЕНЕТИ
Љубовта доаѓа кога најмалку се надевате. Но, немојте да дозволите да се заљубите во оженет човек и да бидете втората жена во неговиот живот.

ПОРАНЕШЕН
Поранешниот партнер треба да остане во минатото, а причината за тоа е едноставна. Вашата врска од некоја причина не функционирала, а таа причина најчесто е оправдана. Иако и во ваквата ситуација постојат исклучоци, прифатете: ако не оди, не оди.

СЕУШТЕ НЕ ЈА ПРЕБОЛЕЛ ПОРАНЕШНАТА
Иако ова е карактеристика и на жените, сепак не е добра. Доколку често ја споменува поранешната девојка, нервозен е ако ја види со друг, паѓа во искушение да ја побара кога ќе се поднапие, тоа значи дека сеуште не ја преболел и вие сте само период во неговиот живот. Не дозволувајте некому да му бидете само привремена терапија.

САКА ДА БИДЕТЕ ПРИЈАТЕЛКИ СО НЕГОВАТА ПОРАНЕШНА ДЕВОЈКА
Ваквата ситуација е речиси невозможна. Ако партнерот бара од вас да се дружите и да излегувате со неговата поранешна девојка, тогаш нешто не е во ред.

ВЕЧЕН АДОЛЕСЦЕНТ
Убаво е мажот да се чувствува млад, но карактеристиките на тинејџер како желбата да живее со своите родители, немање желба да работи сериозна и одговорна работа, не влеваат доверба. Сакале или не, еднаш мора да пораснеме.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>