Top

Лаги за мажите во кои веруваат жените

Жените се сигурни дека знаат многу за она што мажите мислат за нив. Станува збор за правила по кои се водат, а кои се тотални невистини. Во продолжение прочитајте во кои лаги за мажите веруваат жените.

НЕМА ДА ВЕ ПОЧИТУВА АКО СПИЕТЕ СО НЕГО УШТЕ НА ПРВИОТ СОСТАНОК
Вистина е дека нема да ве почитува веднаш после првиот состанок, независно од тоа дали сте имале секс на првиот или на 101-виот состанок. Сексот, односно неговото одложување, нема влијание врз тоа колку мажот ќе ве почитува.

MAЖОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИЈАТЕЛ СО ЖЕНА БЕЗ ДА ПОСАКА ДА СПИЕ СО НЕА
Ова е веројатно тема за најдлабока дебата. Дали е возможно машко-женско пријателство, без страсти и посакување? Логичен одговор на ова прашање би бил: многу тешко и речиси невозможно. На мажите им е тешко да ги одвојат пријателството и страста. Физичката или менталната привлечност и тоа како влијаат на нивниот начин на размислување, но тоа никогаш нема да ви го признаат.

МАЖИТЕ САКААТ ИЗНЕНАДУВАЊА
Длабокото деколте, кратките здолништа и секси долната облека и тоа како може да ја разгорат машката фантазија, но сепак тие сакаат нешто конкретно. Ако сакате да го изненадите не се кријте под облеката, туку изненадете го без облека.

МАЖИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД НЕЗАВИСНИ ЖЕНИ
Ова не е вистина, особено не за мажите помлади од 40 години. Тие сакаат да се дружат, да работат и да бидат во врска со силни и независни жени. Самоуверениот партнер ќе биде горд на својата независна партнерка и нема да мисли дека со тоа таа му ја одзема машкоста.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>