Top
skarani

Нешта со кои мажите ги излудуваат жените

Сигурно го сакате вашиот партнер, но исто така одредени нешта кои тој ги прави ве „излудуваат“.

Не го испушта мобилниот од рака
Времето кое треба да го помине со вас, тој го поминува гледајќи во својот мобилен телефон. Тоа за вас е иритантно, а и експертите се сложуваат дека е непристојно.

Сеедно ми е
Кога ве интересира нешто, а на вашето прашање ќе одговори „сеедно ми е“, повеќето дами тоа го доживуваат како незаинтересираност на нивниот партнер за нивните интереси. Сепак гледајте на позитивната страна, следниот пат кога ќе ви каже дека му е сеедно, знајте дека имате одврзани раце.

Не разговара со вас кога ќе се врати дома
Немојте тоа да го доживувате како да изградил ѕид помеѓу вас двајцата, најверојатно е само изморен.

Гледа на часовникот додека вие се подготвувате да излезете
На секоја дама ѝ е потребно различно време да се подготви за излегување. Кај мажите тоа оди многу брзо. Ако тој стане нервозен и ви приговара, најдете му занимација.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>