Top
kaktusi

Предмети кои привлекуваат негативна енергија

Негативната енергија најчесто носи лошо расположение, нервоза, депресија, песимизам и тага. Велат дека некои предмети едноставно ја привлекуваат негативната енергија, па затоа треба да се ослободите од нив.

Часовници кои не работат
Фенг-шуи стручњаците предупредуваат на чувањето расипани или скршени предмети во домот, а велат дека расипаните часовници се особено лош знак. Предметите кои го мерат времето треба секогаш да работат за да не доаѓа до застој, како на часовникот така и во вашиот живот.

Кактус
Стручњаците за „духовно“ уредување на домот велат дека билките со боцки предизвикуваат лошо расположение, напнатост во куќата, па дури и во љубовниот живот. Како исклучок ги сметаат ружите, бидејќи нивниот елегантен цвет носи позитивна енергија.

Суви билки
Сувите билки носат „мртва енергија“ и негативно делуваат на расположението.

Препарирани животни
Ако мртвите билки носат несреќа во куќата, логично е дека тоа важи и за мртвите животни. Ако имате на ѕидот обесена глава од елен или некое друго животно, веднаш исфрлете ја. Освен што изгледа страшно, внесува и лошо расположение во домот.

Календар од минатата година
Календарот од минатата година, освен што е неупотреблив, му пречи на протокот на позитивна енергија. И календарот (како и часовникот) спаѓа во „мерачи на време“, па според фенг-шуи стручњаците секогаш треба да биде тековен.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *