Top
Fizichka_aktivnost_za_uspeshna_rabota_iLike_mk

Физичката активност резултира со ефикасност на работното место

Сите ние добро ја знаеме популарната латинската поговорка „Во здраво тело, здрав дух“. Таа се покажала како апсолутно точна во многу аспекти во животот. Ако сте здрави, ќе уживате во сѐ – полесно ќе работите, повеќе ќе уживате во љубовта, ќе имате повеќе енергија за семејството и пријателите.

Како што веќе знаете, еден од условите за што подобро здравје е добрата физичка кондиција. Се покажало дека, за поголема ефикасност на работа, важно е да бидете во топ форма – за било и каква работа да станува збор.

Неодмно спороведено истражување покажало дека личностите кои поседуваат добра физичка кондиција, благодарејќи на тоа што биле физички активни во минатото, постигнуваат подобри резултати на работа отколку личностите кои биле физички неактивни.

Решението е едноставно – колку повеќе вработените се во здрава и добра физичка кондиција, толку повеќе работа и обврски ќе можат да завршат. Личностите кои што имаат проблеми со килограмите најчесто имаат големи проблеми да го одржат чекорот со своите витки и фит колеги и многу почесто отсуствуваат од работа. Доколку сакате да одговорите на сите работни предизвици, посебно интелектуалните, треба да бидете во добра физичка кондиција.

Зошто ?

Личностите кои се во добра кондиција, поретко се разболуваат, имаат повеќе енергија, подобро се распложени и помалку се подложни на стрес. Тие имаат и поголема самодоверба.
Звучи добро, мо како да ја постигнете таа топ форма? Колку напорно морате да вежбате секој ден за да бидете во толку добра кондиција? На Ваша радост, не станува збор за пренапорни тренинзи. Воопшто не е неопходно секој ден да трчате маратон или по неколку часови дневно да возите велосипед. Доволна е сосема мала активност која ќе биде со доволен интензитет да го забрза ритамот на срцето. Не е воопшто тешко, а ќе добиете видливи резултати.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *