Top
umor

Како да го победите уморот?

Кога времето е променливо, многу луѓе се чувствуваат уморно, без енергија и желба за работа. Проблемот е што додека го имаме ова чувство, обврските на работа се повеќе ни се собираат. Имаме неколку совети за тоа како да го победите уморот и да бидете попродуктивни на работното место.

Кафето ќе ви даде енергија, но не треба да претерувате со кофеин и никако не треба да го пиете на празен стомак. За да се справите со уморот, свежото овошје и зеленчук се одлична опција за појадок, а по појадокот напијте се кафе без шеќер. Избегнувајте тестенини и благи работи, бидејќи тие само моментално ќе ви дадат енергија.

Доколку навистина не можете да се сконцентрирате и да работите, подобро излезете на прошетка, отколку да седите и да гледате во екранот. Раздвижете се, ќе ја подобрите моменталната циркулација на крв и ќе имате повеќе енергија.

Мирисот на ментол помага во борбата против уморот. Набавете ароматизер со мирис на ментол за вашата канцеларија, џвакајте мастики со ваков вкус или напијте се чај од нане.

Пијте доволно количество на вода бидејќи дехидрираниот организам ќе ве прави да се чувствувате уште поуморни. За ручек јадете лесна храна, а ако сте во можност напијте се и свежо цеден сок од портокал и лимон кој ќе ви го покачи нивото на енергија.

Испланирајте го времето. После секоја завршена работа, правете картка пауза и вдишувајте длабоко.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *