Top
Стаклен лампион

Театра со нова радио драма

Theatra во соработка со Дамар и eradio.mk на 16 јуни во 22 часот, подготвува радио драма, чие што читање ќе може во живо да се проследи од Дамар, а истовремено да се следи во живо на eradio.mk.

Станува збор за текстот “Стаклен лампион” на Ана Стојаноска, кој е игра на авторката со жанрот монодрама. Споени со стаклени жици се три различни приказни од неколку различни жени што живеат во книгите, филмовите, сликите, или пак што се потстанари во нејзиниот универзум. Во позадина има многу стакло и музика, исто колку што има страст и стрв за животот. И не, не ги раскажува тие приказни!

чита: Марија Зафирова
режија: Драгана Стојчевска
режија на звучна слика и техничка поддршка: Ненад Тонкин


Ана Стојаноска (1977), официјалната биографија ја потпишува како театролог, доктор на науки, писател и професор. Интимната пак, орбитира меѓу театарот, книгите, музиката, филмовите, фотографиите. Најинтимната пак, се движи меѓу рацете на едно четиригодишно дете што и кажува како е да се сака толку силно што нема единица мерка за тоа. Нејзините зборови не сакаат фиоки, граници, поделби, затоа се хибридни, се мешаат, синестезираат, спојуваат…


Со оваа радио драма Theatra ја затвора оваа сезона на радио драми како дел од проектот “Секаде театар”. Слушнете ги останатите радио драми на Theatra на овој линк.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>