Top

DNK ви подаруваат 10 билети за утрешниот R’n’B спектакл

Подготовките за големиот концерт на r’n’b дуото DNK кој што ќе се одржи утре (24.09.2011 година) во Метрополис Арена во Скопје, се во завршна фаза. Момците кои своето 10-годишно постоење како бенд одлучија да го прослават со концертен спектакл, со полна пареа работат на пробите кои што секојдневно ги имаа изминативе неколку недели.
Акцентот на концертот ќе биде ставен на сите нумери на DNK од нивниот втор албум „Кажано е се“, кои ќе имаат мали реаранжмани бидејќи ќе бидат отсвирени во живо со бенд.

Гости од странство на настанот ќе бидат најдобриот хип хоп состав од Хрватска – групата Конект, потоа официјалниот DJ на Едо Маајка – DJ Оли Доболли, а специјално за концертот на DNK од Лос Анџелес ќе допатува DJ Latin Prince. Концертот ќе го отвори Daz Flow, а од македонските ѕвезди заедно со DNK на сцената на Метрополис Арена во сабота ќе настапат Врчак, Тавитјан Брадерс, Дарко Илиевски, Роберт Билбилов и Магдалена Цветкоска.

Обожавателите на самиот концерт ќе можат да го купат последниот албум “Кажано е се” по промотивна цена од 50 денари.

Томато Продукција
ќе го снима концертот и истиот ќе доживее DVD издание.

Стартот на шоуто е закажан за 21 часот, а вратите на Метрополис Арена ќе бидат отворени во 20 часот.
————————————————————————————————————————————————–
Подолу, во панелот за коментари, покрај вашето име и презиме, напишете која е вашата омилена песна од DNK.
Петмина од вас ќе добијат по две гратис влезници за утрешното r’n’b шоу.

Напомена: Доколку сте добитник на гратис билети ќе добиете повратен меил, утре во 12:00 часот.
————————————————————————————————————————————————–

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




29 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>