Top

Една поинаква приказна: МАКФЕСТ 2011

Градот Штип оваа година по 26-ти пат ќе биде домаќин на најпрестижниот македонски фестивал на забавни мелодии МАКФЕСТ, кој што ќе се одржи на 13-ти, 14-ти и 15-ти октомври во домот на културата во Штип. Она што оваа година претставува новина во однос на организацијата на овој собир на квалитетни композиции и изведувачи, е додавката на продукцијата Нова X Идеа, која заедно со Општина Штип ветува фестивал вреден за паметење.

По одлично сработените концерти на Архангел, Скрим Фестивал во Скопје, Бијело Дугме и Црвена Јабука, Самер Скрим Фестивал во Охрид и концертот на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ, Општина Штип ни ја дава довербата која првенствено се однесува на нашата професионалност, која ќе ја докажеме и овој пат за остварување на заедничката цел – фестивал доведен до перфекција и секако зголемување на квалитетот на МАКФЕСТ, како фестивал кој што заслужува посебно место во светот на музиката во Македонија” – изјавуваат организаторите Нова Х Идеа.

Освен трите фестивалски вечери, оваа година за првпат ќе биде организирана и офф-програма која ќе се случува на атрактивни локации во Штип.
Целиот концепт на годинешното фестивалско издание на МАКФЕСТ ќе биде обоено со слоганот „Една поинаква приказна“, затоа што фестивалот ќе има еден поинаков изглед, со присуство на квалитетни интерпретатори и што е најважно за секој фестивал, многу хитови по неговото завршување.
Како и секоја година, трите фестивалски вечери, со директен пренос, ќе бидат прикажани на една од нашите национални ТВ- куќи.


iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>