Top

Машката мода во филмот “Големиот Гетсби”

Новата преработка на филмот “Големиот Гетсби” е веќе завршена, а премиерата е закажана за месец мај. Филмот, во режија на Баз Лурман, е адаптација според романот на Скот Фитџералд. Главна улога во филмот е Леонардо Ди Каприо, додека споредните машки улоги ги толкуваат Тоби Мегвајер, Џоел Еџертон и Џејсон Кларк. Настанот на романот се случува во 1920-тите години, па според тоа компанијата Brooks Brothers била задолжена да дизајнира специјално издание на машка колекција за снимањето на овој филм. Кетрин Мартин, дизајнерка во компанијата, дизајнирала околу 500 костуми за филмот.



Продуцентската куќа ги одбрала токму Brooks Brothers за дизајнери бидејќи авторот на овој роман често купувал од таа компанија и бил посветен на американската мода. Костуми, смокинзи, панталони, палта, вратоврски и разни додатоци се дел од оваа колекција која веќе е излезена во продажба низ продавниците на Brooks Brothers.

Автор: IVY

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>