Top

Викенд хороскоп (27-28.04.2013)

Овен
Кога некого треба да убедувате, вие сте вистински мајстор за тоа. Полесно ви е да филозофирате и да зборувате отколку конкретно да работите. Посебно тешко ви паѓаат физичките работи, кои сакате да ги префрлите на друг. Бидејќи некој треба да критикува, зошто тоа не би биле вие.

Бик
Се ви оди добро кога е во прашање работата. Доколку мислите дека не е така, грешите. Сите работи ќе си дојдат на свое место и ќе видите дека сте во право. Околината може многу да ви приговара, ама кога работата е во прашање – тука сте идеални.

Близнаци
Под услов да се најдете во ситуација некој да се обиде да ве измами и да ве исфрли со насилна постапка, бидете прибрани, бидејќи само на тој начин ќе профитирате. Доколку се спуштите на ниво на личности кои имаат намера да ве загрозат, ништо нема да постигнете.

Рак
Тема на денот е љубовта и чувството на подреденост во врската. Можеби сте пречувствителни и се доживувате посериозно отколку што е. Можеби некои работи ги запуштивте и станавте свесни дека со нив тешко можете да се изборите. Не чувствувајте се разочарано.

Лав
Непланираните случувања може да ви го разубават денот. Ве очекуваат среќни моменти, промена на околностите и успешни шпекулации. Ќе има и љубов, таа е вашиот главен стимуланс, движечка сила која дава смисла на вашиот живот. Доколку не ја насочите кон партнерот, тогаш свртете ја кон децата.

Девица
Склоноста кон хипотезите може да ви го расипе многу успешниот ден. Доколку престанете да се оптоварувате со неважни работи и се свртите кон работата, ќе оставрите забележливи резултати. Вашиот темперамент искористете го за остварување на целите, а не залудни расправии со партнерот.

Терезија
Помладите припадници на овој знак се во фаза на емотивни преживувања, а оние постарите во фаза на преиспитување. Тие се обидуваат своите односи со околината да ги разгледаат и да заземат објективен став. Нема да ви успее, бидејќи вам, пред се, ви недостига објективност.

Скорпија
Сите постапки и работи се одвиваат потешко отколку што сте планирале. Морате да вложите дополнителен напор, да бидете трпеливи и да чекате. Тоа понекогаш тешко ви паѓа. Не ја оптоварувајте околината со вашето невротично однесување. Гледајте ја посветлата страна на работите.

Стрелец
Искористете ги поволните планетрани влијанија за остварување на целите од деловна и емотивна природа. Никој не се сомнева во резултатот: ќе биде повеќе од поволен. Во фаза сте на експанзија, здрави сте и добро расположени. Пожелно е што подолго да ја одржите оваа состојба.

Јарец
Многу од вас вистински ќе се вљубат, а оние помалку среќните ќе имаат конфликт со партнерот. Денот е во знакот на бурните емотивни реакции, караници, но и помирување. Благодарение на инвентивноста, ќе постигнете успех. Кон крајот на денот, можна е раздразнетост.

Водолија
Имате полни раце работа, но тоа не ви паѓа тешко. Бидејќи е таква работата, задавајте си повеќе обврски, бидејќи со леснотија ќе ги остварите. Не заборавајте дека убаво ќе си поминете ако ја прифатите понудата на вашиот партнер. Опуштете се.

Риби
Вообичаено сте нервозни и немирни. Иако сакате да го покриете ова, тешко ќе ви појде од рака. Никако не дозволувајте самотијата и чувството на отфрленост да ве обземат. Во тој случај, сигурно ќе паднете во депресија. Свртете се кон дружењето, интересирањето и обврските.

Извор: Утрински

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>