Top

Подарок книга: САМО НАЈСЕКСИ МАЖ КОЈ ПОСТОИ

Која е Тејлор Донован?
Тејлор Донован веќе 7 години работи за една од најдобрите адвокатски компаниии во Чикаго. Таа е толку добра, врвот на најдобрите и сите најтешки случаи паѓаат во нејзини раце.

Сега, ја праќаат во Лос Анџелес за да работи на актуелен случај за сексуална злоупотреба во кој е инволвиран познат ланец на маркети.

Таа е одличен адвокат, а ова е прекрасна можност самата себеси уште еднаш да си докаже колку е добра во својата работа, но и да им се заблагодари на своите родители кои се жртвуваа за таа да се здобие со најдоброто и најскапото образование.

Млада, успешна и ја обожава својата професија. Звукот на звонењето на телефоните во канцелариите на адвокатската компанија, принтерите кои бучат додека ги печатат извештаите за случаите, викањата по судниците… тоа е мелодија за нејзините уши.

Таа не е само убиствено добар адвокат…. таа е воркoхолик.

Кој е Џејсон Ендрус?
Чекај, чекај – што е ова? Паралелно со судењето на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат? Па да речеме дека Бред Пит може да му носи вода. Џејсон Ендрус е смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Нешто како Кларк Гејбл или Кери Грант, само уште подобар.

Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… со Богот на Сексипилноста? Мислам, таа е сепак професионалец… А тој? Тој е само еден обичен актер. Добро де, познат и до болка привлечен актер. Милиони мисли ѝ се мотаат во главата додека ја напушта канцеларија на својот претпоставен кој ѝ го дава новиот случај. Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм…

Ма ти се молам – па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Нема ништо што би можело да ја помести нејзината емотивна рамнотежа. Зарем тоа може да го направи еден обичен актер кој дури не го ни познава.

Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ??? Луѓето кои тоа го мислат не знаат што е 24/7 работа и труд вложени во својата кариера. И нема НИКОЈ, АПСОЛУТНО НИКОЈ да ја загрози нејзината работа… и ја прикаже како недоделкан тинејџер. Тоа е тоа, нејзиниот збор секогаш мора да биде последен!

Но, сепак таа го видела на малите екрани… И тој е неодолив. И згоден. Шармантен. Но и дрзок. Арогантен. Самобендисан. Тоа е човекот кој на национална телевизија изјавува дека секоја жена ја третира како ново сценарио: Ако не му го задржи вниманието после саат време, тој сценариото го фрла!

Уффф… Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор – онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?
————————————————————————————————————————————————–
iLike.mk во соработка со издавачката куќа САКАМ КНИГИ ќе додели три примероци од “САМО НАЈСЕКСИ МАЖ КОЈ ПОСТОИ“.

Вашата задача е мошне едноставна: на нашата фејсбук страна поставете корица од вашата омилена книга и повикајте ги вашите пријатели да кликнат like и да ве поддржат. Првите три корици кои ќе успеат да соберат најголем број лајкови ќе добијат по еден примерок од “САМО НАЈСЕКСИ МАЖ КОЈ ПОСТОИ”.
Наградната игра трае до 21.09.2011 година.

Среќно!! ; )
————————————————————————————————————————————————–

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>