Top

Сексот и градот

Библија. Добро, зборот библија можеби е премногу екстремен за да се опише оваа книга, а подоцна и филм. Но, не е важно. Секој кој ја има читано книгата, го има гледано серијалот, а подоцна и двата играни филма знае за што зборувам.

Четири „провинцијалки“ со не многу завидливо минато живеат во и го оживуваат Менхетен.

Ќе започнам од Кери Бредшо. Типична „VOGUE“ девојка, кокетка. Одличен писател. Нејзината мисија во животот е да го пронајде г-инот „Вистински“ и да пишува за Vogue, секако „Сексот и градот“ не би бил тоа што е доколку оваа елеганција во движење успешно не ја исполни мисијата.

Шарлот Јорк или подобро кажано „татината принцеза“. Таа мечтае по убаво среден дом, прекрасен сопруг и секако деца. По што се разликува од нејзините три другарки. Секако дека и мечтите на Шарлот стануваат реалност, по долго време.

Миранда Хобс, црвенокоса, впечатлива и стабилна адвокатка, која голем дел од животот го посветува на кариерата и се разбира сексот. Но, дали пресвртот кој ќе настане во нејзиниот живот ќе ја остави непроменета? Останува да се уверите самите, но сепак и нејзе ја чека „happy end“.

И секако, за крај, неповторливата Саманта Џонс, за која нинфоманијата претставува само еден обичен стручен термин, кој таа го применува во пракса … и тоа како! Сепак таа е успешен PR менаџер во своите 40-ти, (што значи дека е малку повозрасна од нејзините три другарки, кои се на средината на 30-тите). Сем, како што наскратено ја викаат успеала многу во животот, таа може да резервира место во секој луксузен бар, ресторан и клуб во Њу Јорк, лично се знае со Хју Хефнер, основачот на Playboy, Луси Лиу, познатата холивудска старлета и многу други „celebrity & VIP фаци“, но не било отсекогаш така. Сем била сиромашна девојка која цел живот се стреми да биде класа и го постигнува тоа.

Кендис Бушнел, авторката на овој животен водич за многу луѓе, прекрасно опишува како „грдите пајчиња“ се преобразуваат во „прекрасни лебеди“ и дознаваме дека не било ни малку лесно. А, „Сексот и градот“ не би бил тоа што е денес, ако во 1997 година, продуцентот на „Beverly Hills“, Дарен Стар, не одлучил да направи истоимен серијал. Но, никако да не заборавиме дека со помош на Сара Џесика Паркер како Кери, Ким Катрал како Саманта, Кристин Дејвис како Шарлот и Синтија Никсон како Миранда, грозницата наречена „Sex And The City“ не би била иста. Му благодарам на HBO што подоцна „Сексот и градот“ прерасна во игран филм од два дела. Верувам, просечен текст за некој кој е заразен со „Сексот и градот“. За крај, поздрав до сите фанови на оваа книга и филм и секако поздрав и до оние кои барем слушнале дека постои нешто кое се вика „Сексот и градот“!

Статијата ја напиша: Anastazija | Извор: sakamknigi.mk




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>