Top
libido_iLike_mk

Витаминска терапија за поголемо либидо и здрава семена течност

Секој маж посакува силно либидо, ерекција која никогаш нема да го изневери и здрава сперма. Но, за жал секогаш не е така.
Иако, стресот и одредени апчиња значајно влијаат врз намалување на либидото и квалитетот на спермата, сепак докторите советуваат примена на витаминска терапија за здрав пенис кој одлично ќе функционира.

ВИТАМИН Ц
Освен во лимонот, витаминот Ц се наоѓа и во лутите пиперки, кивите, брокулата и јагодите. Неговата моќ овозможува поголем проток на крв што е клучно за остварување на ерекција. Артериите кои доаѓаат кон пенисот се шират додека вените кои потекнуваат од тоа подрачје се стеснуваат. Витаминот Ц помага во доток на крв до пенисот и постигнување ерекција. Освен тоа витаминот Ц ја намалува и можноста за инфекција на уринарниот трак.

ФОЛНА КИСЕЛИНА И ВИТАМИН Б9
Фолната киселина е природен витамин кој се наоѓа во храната. Откако истражувањата покажаа дека значително е намален ризикот од сериозни вродени мани кај бебињата, витаминот Б9 како адитив се додава во тестенините. Овој корисен витамин се добива по вештачки пат. Студиите покажале дека фолната киселина го намалува количеството на абнормална сперма, додека пак, некои истражувања тврдат дека во комбинација со цинк доведува до зголемување на бројот на сперматозоиди. Доволно количество на фолна киселина во организмот ќе внесете доколку јадете грашок, авокадо, банана и диња.

КАРНИТИН И ВИТАМИН Е
Карнитинот не е витамин, но, на пенисот и активноста на спермата влијае благотворно исто како и витаминот Е. Карнитинот го произведува самото тело. Поголема количина на карантин во телото го подобрува квалитетот на спермата. Витаминот Е делува како антиоксидант и го зајакнува имунитетот. Го има во бадемите, лешниците, оревите и кикириките.

ВИТАМИН Б12
Овој витамин го подобрува здравјето на нервните влакна и крвните садови. Витаминот Б12 го намалува ризикот од анемија. Кај повозрасните машки, намаленото количество на овој витамин значи и намален број на сперматозоиди.

НИЈАЦИН И ВИТАМИН Б3
Нијацинот е многу важен за сексуалниот живот бидејќи поттикнува создавање на сексуални хормони и ја подобрува циркулацијата. Освен тоа овој витамин има големо значење и за регулирање на спиењето, како и ерекцијата.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>