Top

Витамин А

Витамин А е еден од четирите витамини растворливи во масти, кои се неопходни за добро здравје. Тој има важна улога како антиоксиданс. Соодветни количини се важни за добар вид, а намалениот вид навечер е еден од првите симптоми за недостаток на овој витамин. Тој, исто така, е неопходен за правилна функција на имунолошкиот, скелетниот, респираторниот и репродуктивниот систем, како и сврзното ткиво (кожа, коса и нокти). Постојат и докази дека соодветни количини на витамин А во форма на каротеноиди можат да го намалат ризикот од одредени видови на рак, срцев напад и мозочен удар.

Ретиноидите, се активните форми на витаминот А, кои се наоѓаат во производите од животинско потекло, како месо, полномасно млеко и јајца. Прекурсорите на витаминот А – каротеноиди се наоѓаат во портокаловиот зеленчук и зелјестите растенија како што се слатки компири, моркови, спанаќ, тиквички, зелка, кељ и репки. Највисоки нивоа на витамин А има во свежиот зеленчук па потоа во замрзнатиот и најмалку во конзервираниот. Внесот на храна богата со каротени е корисна во намалувањето на ризикот од рак, срцеви инфаркти и мозочни удари. Експертите во растителната генетиката работат на вид на ориз кој содржи бета каротен, надевајќи се дека ќе им помогнат на луѓето од земјите во развој да се избегне ризикот од
витамин А дефицит. Познат како “Златен Ориз”, овој вид е испратен до истражувачките институти во развиените земји за натамошно истражување.

Автор: Д-р Дарко Стојановски




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>