Top
Uspeshna-vrska-na-dalechina-iLike-mk

Совети за успешна врска на далечина

Постои еден стереотип според кој врските на далечина ретко кога опстојуваат, но експертите баш и не се согласуваат со оваа теза. Според нив, за таквата врска да биде успешна најважно е двете страни да бидат свесни во што се впуштаат и покрај тоа да работат на врската. Доколку имате врска на далечина или тоа се случило поради одредени околности, не грижете се, експертите ве советуваат што да направите.

Искористете ја предноста на модерниот начин на комуницирање
Во денешното модерно време не е толку тешко да се одржува контакт. Секако ова можеби не е најефтино решение, но е добра инвестиција бидејќи е најдобар начин врската да успее. Можете да ги искористите сите сервиси и апликации, како што се скајп, гугл војс, праќање мејлови и слично. На овој начин ќе се чувствувате блиски со вашиот партнер иако сте физички разделени.

Одржувајте ја романсата
Бидејќи не можете со вашиот сакан да бидете секој ден заедно, важно е да ја одржувате романсата. Покажете ја љубовта така што ќе му испратите некој подарок кој знаете дека ќе му се допадне. Најверојатно тоа ќе го направи и тој за да ви покаже колку ве сака.

Посетувајте се
Врските на далечина подразбираат и многу патување. Потребно е двете страни да учествуваат во тоа, за да не настане незадоволство. Така нема да се појави чувството дека постојано само едната страна се грижи врската да успее.

Не земајте сѐ при срце
Сигурно ќе наидете на препреки, но не очајувајте. Со оглед на тоа што вие и партнерот живеете на различни места, важно е да продолжите со вашиот секојдневен живот. Тоа ќе ја направи вашата врска флексибилна и полна со разбирање. Понекогаш може да дојде и до промена на планот, некоја итна ситуација во семејството или нешто на работа, па нема да бидете покрај партнерот секогаш кога тој ќе посака. Тоа се нормални ситуации, од кои не треба да правите драма. Имајте на ум дека сте прифатиле врска на далечина и откажувањата во последен момент се дел од пакетот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>