Top

Посакувам нова слика

Ах… Како да почнам, а солзите да не излезат од очите? Пак ли да се сеќавам на болката? Зарем љубовта не е вечна? Ќе има ли некогаш крај на раните во срцето? Како некој да ми го прободува срцето а тоа постојано крвари. И сè тоа само заради една личност. Заради еден трн на розата, еден камен на патот, една грешка во животот. Но,тој трн, тој камен и таа грешка се толку големи што можат да уништат една искра во очите, огнот во срцето и насмевката на лицето. Од искрата во очите остануваат само солзи. Од огнот во срцето останува само пепел. А, од насмевката на лицето настанува една замрзната натажена личност. Луѓето се претвориле во личности кои само ја посакуваат твојата несреќа. Тие се како розите. Ах, тие рози. Те опиваат со прекрасната миризба, а потоа те боцнуваат кога најмалку очекуваш. Прекрасен поглед. Кога ги гледаме оддалеку нè опиваат со нивната убавина и совршеност. Но, кога ќе се приближиме поблиску забележуваме недостатоци, трња кои што имаат моќ и срцето да нѝ го раскрварат. Е, да. Така е и со луѓето. Секогаш мора да има некој што ќе ги ја сруши прекрасната замисла за животот. И само што ќе помислиш дека светот е преполн со љубов, добрина, радост, насмевки – некој ја скрши сликата. Сега се појавува една преполовена слика која е многу страшна за гледање. Но, за жал тоа е реалноста. Омраза, љубомора, лицемерство. Сликата толку многу поцрнела од овие чувства што ништо не може да се види на неа. Не, не ја сакам оваа слика. Дајте ми друга, јас ова не можам да го гледам. Но, таа е единствената слика, нема друга. Ти можеби сакаш да ја смениш сликата, но… Кој си ти да одлучуваш за светот? Тој веќе се претворил во место каде што сите луѓе се сакаат додека се заедно. Но, кога ќе се разделат се создава една друга слика. Па какво е тоа сакање? Зарем љубовта не е постојана?

О, не. Страшно е, многу е страшно. Зошто се најдов во овој свет кога тука не припаѓам? Јас не можам да глумам пред луѓето само за да си го добијам тоа што го посакувам. Не можам да ја гледам маката на другиот а притоа да уживам во тоа. Не можам да го исмејувам мојот пријател зад грб. Не сакам веќе да продолжувам, зошто никогаш нема да застанам. Луѓето повеќе немаат граници. Луѓе? Ма, тоа веќе не се луѓе, се претвориле во демони кои копнеат по твојата крв. Толку многу го посакуваат успехот што се способни по патот за успехот да прегазат многу личности. Зарем на крајот ќе биде среќен?Не сфакам. Никогаш нема да ги сфатам луѓето. Не е точно дека луѓето се раѓаат или добри или лоши. Во секој од нас длабоко во душата се кријат сите лоши и добри чувства. Но, зависи личноста кои ќе ги турне длабоко во себе никогаш да не излезат,а кои ќе ги покаже на виделина.Сите ние сами си одлучуваме.Активирајте ја љубовта луѓе!Ајде,направете го светот поубав..Не зборувајте само колку луѓето се лоши,почнете си прво од себе,така можеби ќе успееме.Како што вели Ганди:”Биди промената што сакаш да ја видиш во светот!”Зарем не посакувате поубав свет од овој?Јас се плашам од ова сега што го гледам,ужасно е.

Ех, да можев да нацртам поубава слика, поубава глетка. Но, сите ја гледаме единствената слика на светот, која мене ми е смачена. Сакам друга. Нешто ново. Нешто поубаво од ова. Преплавете го светот со љубов, само таа e нашиот спас.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Посакувам нова слика“: Драгана Цекова

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>