Top

Кога љубиш шизик

Посветено на сите оние што се чувствуваат ко шизици…

Не импонираат кога ги имаме, знаат да не нервираат кога ги анализираме. Сами на себе доволни, а светот без нив би бил едноставен. Во таков случај очите би си си ги плакнеле само со вода.

Шизици… Од старт ќе ги подигнам на повисоко ниво и ќе ве посоветувам да не ги мешате шизиците со фраерите. Првите се воспитана класа во општеството, а вториве, воедно и последни се последни и ќе ги препознаете по плукањето по улица. Едноставно е.

Шизици…
Вау или пф?

Тоа се момци кои изгледаат најубаво (читај) во нивното друштво, што НЕ значи дека се генерално најубави. Иако летаат во облаци, сигурно газат по земјата. А бе жив магнет за девојки од секаков стил. Имаат страшно впечатливи манири, се облекуваат шизички (кошулче, крагња, трегери, шешир, карир итн), шегите им се смешни или се смееме зошто се шизици, можат да испијат повеќе одколку што барот може да понуди и од што се полни со слатки зборови, нема потреба да отвораш чоколадо ако ти падне шеќерот – пољуби ги еднаш и доста е. Ставени се во реалистички филм дека сите гледаат во нив, ама цела среќа што очите ни се фино прицврстени за главата, па не може да ни паднат. Што ќе правевме ние, а богами и тие, без нашите очи? Боже Господе, Исусе Христе, Јанус од… (ај нема везе) – не ни помислуваме на такво нешто.

Проста поделба: постојат шизици – карамели кои се внимателни, знаат да те почекаат да влезеш дома, па да си заминат и знаат да се јават од чиста мира да прашаат како си (читај: шизичка ПОЧИТ кон девојка), и шизици – нервокопачи кои… Ај да не отворам уста, ама знаат да те испотат како 10 минути трчање околу зграда. Убавината е пролазна работа. Ама муабетот пуштен меѓу девојките – ве поткопува во корен, драги.

Ако пријателките ти викаат: БРАВО за стореното, а неговите пријателки ти превртуваат очи, значи дека имаш шизик до себе. Ако дечкото е опкружен со девојки, и девојки, и многу девојки значи дека имаш шизик до себе. Ако се појавувате на крајот од вечерта, на повеќе од пола поминати забави, значи дека имаш шизик до себе, пошто шизиците доаѓаат последни. И многу битно: ако си шизика, дефинитивно имаш шизик до себе. Не се загледуваат тие во секоја (со чудење на исклучоците). Тоа значи: честитам на титулата. Бидете прави шизики и полнете им го егото на шизиците до вас.

Искуството вели дека најчесто многу е тешко да задржиш шизик до себе. Треба да научиш да се справуваш со сите погледи упатени кон вас како пар. Некои со завидување, некои со мечтаење. И едните и другите се напорни. Треба да се научиш да живееш со животниот негов мотив дека тој може да ја има секој што ќе ја посака, пошто е најубав, најзгоден, најпаметен и најозборуван. Девојките од околу знаат понекогаш да газат се пред себе заради овие епитети. Или најди си силен шизик да те чува, или шетај се со желкин оклоп на грб и гајле немаш. И секако, треба да се научиш да не ги тркалаш девојчињата во негово опкружување што на незапознаено те мразат. Ништо страшно, зошто и така не ти се крв. Боже прости им, не знаат што пропуштаат.

Во случај кога повеќе се потиш од што се смееш – батали. Не ти треба таа класа на шизици. Барај нешто слатко ко карамела.

И како за крај: Остани само покрај тие шизици кои знаат да ти се радуваат, или остани си ти шизика до крај и упорно флертувај со најголемите шизици околу тебе.
Како и да е, во секој случај, децета ќе ти бидат убави на крај.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Кога љубиш шизик” : Симона Ангелко Ангелеска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>