Top
ljubov

Знаци кои покажуваат дека го освојувате

После извесен период како негова девојка, неколку знаци покажуваат и дали вашиот партнер мисли дека вие сте неговата сродна душа.

  • Ви праќа порака само да ве поздрави, да ви посака добра ноќ или добро утро. Момците не сакаат многу да пишуваат или да се јавуваат, па ако ја имате таа привилегија без посебна причина, значи дека полека но сигурно го освојувате.
  • Редовно ви се јавува. Ако пораките значат нешто, повиците значат уште повеќе. Тоа значи дека мисли на вас, дека во стомакот има пеперутки кога ви го слуша гласот.
  • Неговите пријатели почнуваат да ве гледаат попреку. Тоа не е така затоа што не им се допаѓа изборот на нивниот пријател, туку затоа што почнал нив да ги запоставува за да се гледа почесто со вас.
  • Подготвен е на сите можни компромиси. И кога велиме се навистина мислиме дека нема нешто за кое не е подготвен на преговара со вас.
  • Се подразбира дека сте секогаш со него. Ако е поканет на свадба, роденден, ручек… каде и да е секако дека вие одите со него.
  • Вие сте дел од секој негов план. Кога говори за идни планови редовно ќе слушнете наместо јас „ние“. Твој веќе ве смета за дел од неговиот живот.
  • Сосема му е нормално да остава свои работи кај вас дома и не се брза да ги земе.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>