Top

Како до подобра сексуална кондиција?

Од дамнешни времиња се знае дека храната е во тесна врска со сексот и истата влијае врз неговиот квалитет. Со нејзина помош се зголемува сексуалната издржливост, а расте и либидото. Бадемите, медот и авокадото се само дел од намирниците кои ќе ја подобрат вашата сексуална кондиција.

1. БАДЕМИ
Бадемите содржат големо количество на здрави масти кои му помагаат на мозокот подобро да функционира. Всушност, тие масти се одговорни за производство на машките хормони.
Истражувањата покажуваат дека мирисот на бадемите предизвикува сексуално возбудување.

2. АВОКАДО
Ацтеките авокадото го викале „ahuacatl“ што во превод значи „дрво на тестисите“. Од научно гледиште, овој термин е целосно оправдан. Имено, авокадото го буди либидото кај мажите, но и кај жените. Според многумина нема подобар афродизијак од авокадото.

3. ЦЕЛЕР
Овој зеленчук веројатно не Ви ни паѓа на памет кога станува збор за секс, но целерот е моќен извор на сексуално возбудување. Тој содржи андростерон – машки хормон кој се ослободува при потењето и кој ги возбудува жените.

4. ЛУК
Токму така, лукот спаѓа во групата намирници кои го подобруваат сексуалниот живот. Лукот е богат со алицин – состојка која го зголемува протокот на крв во половите органи.

5. СМОКВИ
Ова рајско овошје е богато со аминокиселини кои го зголемуваат либидото. Тие влијаат и на подобрување на сексуалната издржливост. Отсекогаш, свежите смокви биле доживувани како многу „сензуални“.

6. ЈАЈЦА
Јајцата се богати со витамини Б5 и Б6 кои се одговорни за стабилноста на хормоните задолжени за контролирање на стресот, како и имунолошкиот систем. Станува збор за хормони кои се одговорни за здраво функционирање на либидото. Комбинацијата на јајца со сирење значително го подобрува либидото и целокупната физичка активност и издржливост.

7. БАНАНИ
Бананите содржат бромелаин – ензим кој го буди и зајакнува машкото либидо. Богати се со калиум и рибофлавин кои му обезбедуваат енергија и сила на човековиот организам. Според досегашните истражувања, бананите помагаат и во проблемите со импотенција.

8. ЧОКОЛАДО
Ммммм.. веројатно најубавото на оваа листа, а и воопшто. Чоколадото содржи теобромин – алкалоид кој е многу сличен на кофеинот и фенилетиламинот. Токму тој е одговорен за чувството на заљубеност. Чоколадото се смета за производ кој потсетува на секс.

9. МЕД
Овој сладок природен производ содржи борон кој помага во создавањето на женскиот хормон – естроген. Исто така, докажано е дека медот го подигнува нивото на тестостеронот кај мажите. Медот често пати се користи како сексуална играчка во предиграта.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>