Top
Mazhi-so-brada-iLike-mk-F

Зошто жените полудеа по мажи со бујна брада?

Последниве две години вистински тренд е момците да пуштаат долга брада, од 10 дена па до неколку месеци. Голем број глумци, спортисти, пејачи, како и луѓе од политичкиот живот имаат долги бради. Ваквиот машки имиџ се покажа како полн погодок за понежниот пол.

„Многу опасни момци“
Истражувањата покажаа дека 98% од листата на најбогати мажи во светот немаат брада. Од друга страна пак, дури 98% од светски познатите моторџии, каубојци, војници и останати т.н. „опасни момци“ имаат брада или мустаќи. Со оглед на тоа што жените паѓаат на лоши момци, сè понатаму е повеќе од очигледно.

Моќ и мудрост
Некогаш брадата била симбол за мудрост, а научниците тврдат дека тој факт важи до денес. Истражувањата покажуваат дека жени во кризни ситуации повеќе им веруваат на мажите со брада и мустаќи, од непозната причина. Стручните лица овој феномен може да го поврзат само со мудроста и зрелоста која ја симболизираат влакната на лицето.

Жените паѓаат на брада од 3 дена
Сите истражувања водат кон еден заклучок – жените паѓаат на тридневна брада, како онаа на Џорџ Клуни и сметаат дека таа е прилично секси.

Сепак, избираат мажи со брада повеќе од 10 дена
Во анкетата во која учествувале само жени, прикажани им биле фотографии од ист маж со различна должина на брада, од свежо избричена, до густа. Од сите понудени фотографии, повеќе од половина жени ја фаворизирале онаа на која мажот има 10-дневна брада.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>