Top

Што да им подарите на девојките за Денот на вљубените?

Како што се ближи 14-ти февруари (Денот на вљубените), се поголем број на мажи и дечковци се прашуваат со што да ги изненадат своите сопруги однодно девојки. Вкусовите околу избор на подарок варираат, но постојат неколку работи кои никако не смеете да ги подарите на личноста која ја сакате, освен ако самата не ви предочи.

Раткапни, креми против брчки, книги со диети се дефинитивно работи кои не би ги импресионирале жените. Иако, честопати жените и девојките знаат да им најават на своте мажи што би сакале да добијат за Нова Година или роденден, резултатите од една британска анкета покажале дека баш тогаш добивале подароци кои најмалце им се допаѓаат, а истите подоцна или воопшто не ги употребуваат или ги заменуваат.

Околу 35% од испитаничките се изјасниле дека нивните партнери им подаруваат цвеќе, 17% добиваат плишани играчки, а околу 20% добивале чоколадо како подарок.

Генерален заклучок е дека на жените тешко ќе им угодите. Доколку не знаете што да ѝ купите на својата понежна половина, најдобро би било да ја прашате. Така никогаш нема да згешите.” – додава портпаролката која била инволвирана во спроведувањето на ова истражување.

Жените изјавиле дека најмногу сакаат накит, патување или парфем како подарок за Денот на вљубените.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>