Top
mestenje_krevet_iLike.mk

Местењето на креветот наутро зборува за вашите карактеристики

Утринската навика на местење на креветот не одзема многу време, но многу луѓе не го прават тоа. Дел од луѓето го сметаат тоа за бесмислено губење на време, бидејќи и така до крајот на денот ќе си легнат и пак ќе се растури. Оние кои го местат креветот сакаат спалната соба да биде уредна, а веројатно оваа навика е стекната уште од детството.

Местењето на кревет веднаш после будењето има длабоко значење. Експертите тврдат дека луѓето што го прават тоа значи дека:

- Сакаат да се чувствуваат корисно, горди се на себе и сакаат така да биде до крајот на денот.

- Сотојбата на креветот е состојба на умот – велат дека уреден кревет значи уреден живот. Тие што сакаат да го местат креветот, всушност сакаат да воспостават ред во својот живот.

- Одраз на среќа и продуктивност – голем процент од луѓето што го местат креветот секое утро рекле дека се среќни. Тие уживаат во својата работа, редовно вежбаат и повеќе спијат.

- Сакаат да имаат контрола врз својот живот.

- Подготовка за непријатни ситуации – иако не им се прави токму таа работа, некои луѓе се подготвуваат за некоја непријатна ситуација што ги очекува.

Дали доволно ве убедивме од утре да си го местите креветот?




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>