Top

Македонија ги пречека момците со златно срце

Летот со кој допатуваа нашите момци на преполниот скопски аеродром со илјадници обожаватели, почитувачи на постигнатиот успех,  имал повикувачки знак Македонска гордост (Macedonian pride). Селекторот Марин Докузовски, веднаш по пристигнувањето изјави: „Вчера беше многу тешко.Злато да ми дадете сега не ми вреди како овој пречек, не направивте големи.Горд сум што сум селектор на овие големи јунаци, горд сум што сум Македонец, покажавме на Европа дека вредиме“. Од аеродромот панорамскиот автобус со нашите момци се упати кон плоштадот Македонија, со попатно запирање пред трговскиот центар Бисер во Аеродром. Оттаму, поминаа низ порта Македонија, и продолжија кон плоштадот каде ги чекаа развиорени знамиња од илјадници луѓе облечени во црвено-жолта боја. Секако, неизбежна беше нивната омилена песна која се пеела после секој натпревар „Излези момче право на тераса“, но денес звучеше многу поубаво, кога илјадната публика пееше во еден глас.
Секако не изостана славната изјава на Илиевски „Леле луѓе, што направивме?“. Што направивте? Ја кренавте цела Македонија на нозе, ја направивте горда, покажавте како се игра со срце, и покажавте на Европа која е Македонија! Колку за потсетување Лестер Бо Меккејлеб се најде во идеалната петорка рамо до рамо со НБА ѕвездите Тони Паркер, Андреј Кириленко и Пол Гасол и Хуан Карлос Наваро. Меккелејб е и најдобар стрелец на првенството со 235 постигнати кошеви.

Марко Симоновски Ивица Димчевски Димитар Мираковски Дарко Соколов Дамјан Стојановски Ѓорѓи Чековски Предраг Самарџиски Тодор Гечевски Војдан Стојановски Владо Илиевски Лестер Бо Меккејлеб Перо Антиќ Запамтете ги овие имиња, кои успеаа толку брзо да на сплотат и да не направат горди и среќни што сме Македонци!!



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *