Top

НОВО Видео: ТИ СИ ВИНОВНА – Роберт Билбилов ft. Викторија Лоба

Најдобар спот до сега во Македонија.”, “Прекрасно!“, “Одамна не сме гледале волку добро видео.”, “Браво!” се само дел од коментарите кои деновиве ги добиваат Роберт Билбилов и Викторија Лоба на своите официјални фејсбук профили, откако тие го промовираа најновото видео парче за “ТИ СИ ВИНОВНА“.



Реализацијата на спотот се одвиваше летово на неколку локации во Скопје и Охрид, меѓу кои е хотелот Милениум Палас. Креативниот дел на Горила Продукција го изработи спотот заедно со режисерот Александер (Александар Ристевски- Принц). Уметничкиот видео запис кој го истакнува сексапилот на русокосата убавица, ја следи приказната на песната, а најинтересни се кадрите кои се снимени под вода каде Роберт и Викторија заедно пливаат во базен.

Презадоволни сме од реализацијата на спотот и пресреќни сме што веднаш имаме позитивни критики од публиката. Песната заслужуваше вакво видео издание. Спотот го снимивме летово и нетрпеливо очекувавме да го видиме финалниот производ. Не ни претпоставуваме дека Александер ќе направи вакво уметничко парче.” – велат Роберт и Викторија.

Текстот за “Ти си виновна” чиј автор е Роберт Билбилов, го напиша Ивана Николовска, а песната беше голем летен хит. Деновиве двајцата артисти на Горила Продукција се подготвуваат за својот настап на Макфест 2011, каде во петок на втората полуфинална вечер ќе ја изведат заедничката песна “Кога мене ми требаш”.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>