Top

Подарок книга: НЕКА ПОБЕДИ ПОДОБРИОТ

Кога станува збор за законите на привлекување… не постојат никакви правила.

САМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА
Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.

АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ
Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон.

Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна. И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување! Па, нека победи подобриот!

Секогаш ги советуваме членовите на порталот да пишуваат свои рецензии и да не ги препишуваат текстовите од задните корици на книгите, но со оглед на тоа што текстот на корицата е исто така мој, го пишувам истиот – не поради друго, туку затоа што овој текст најдобро ја опишува книгата без да ги открие деталите кои би можеле да ви го расипат уживањето во истата.

Она што сакам да го потенцирам е фактот дека госпоѓата Џули Џејмс ДЕФИНИТИВНО успеа преку ноќ да се качи на позицијата Мој омилен автор на романтични комедии на сите времиња. Мислам, стилот и шармот со кој таа ги раскажува приказните досега не сум ги сретнала кај ниту еден друг автор и тоа е нешто што ме освои од првата реченица. Се колнам дека не лажам кога ви велам дека со месеци би читала нејзини книги една по друга без да добијам желба да посегнам по друг автор и друг наслов.

Она што ја разликува оваа книга од нејзините останати книги се практичните комични сцени кои ќе ви дадат многу повеќе причини за смеење од саркастичниот хумор по кој е позната. Оваа книга всушност е пишувана за сценарио кое може наскоро да се појави во филмувана верзија, па ќе забележите дека со самото читање ќе добиете чувство како да гледате романтична комедија. Живописно, необично, смешно… одлично!

Паметна, секси, урнебесно смешна приказна – ова е идеалната романтична комедија за сите безнадежни романтичари.


iLike.mk во соработка со издавачката куќа САКАМ КНИГИ ќе додели два примерока од “НЕКА ПОБЕДИ ПОДОБРИОТ”.

Вашата задача е мошне едноставна: Во панелот за коментари кој се наоѓа на крајот од оваа статија оставете го Вашето име и презиме.

Наградната игра трае до 01.02.2012 година.

Среќно!! ; )

Добитници на книгата се Марија Сунчевска  и Антонио Саздовски. Наградата може да си ја подигнете во Спаива (ул.Водњанска, под ресторанот “Галија”) од понеделник до петок (10-19h) или сабота (10-15h).

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.



355 Коментари

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*