Top

Дневен хороскоп – 26.08.2011 (петок)

Овен
Бидете внимателни кога здравјето е во прашање. Намалете го пушењето и алкохолот, бидејќи тоа денес нема да ви годи. Имате финансиска добивка. Работата премногу ве заморува.

Бик
Склони сте кон одмарање повеќе од кога и да е. Имате нови идеи кои во потполност може да го изменат вашиот досаден живот. Во љубовта бидете внимателни и стрпливи. Среќата ви доаѓа од млада личност и од оние кои ви се подредени.

Близнаци
Своите деловни обврски ги извршувате крајно професионално. Тоа ќе вроди и одредени финансиски резултати. Ви се пружа деловна прилика да отпатувате, па не ја пропуштајте шансата.

Рак
Конечно сте свесни дека е неопходно да ги промените своите крути ставови за да го постигнете она што го сакате. Имате сериозен разговор на работното место. Изненадната средба со пријателите ќе ве расположи.

Лав
Склони сте кон мечтаење за подалечни патувања. Од друга страна ви се пружат нови деловни можности. Финансиската состојба е нешто подобра, па ќе бидете порасположени. Совршен однос со партнерот.

Девица
Ви се чини дека односот со саканата личност премногу ве оптеретува, па одлучивте некои нешта да измените. Работата добро ви оди, а паричната добивка ви е загарантирана. Пријатна вест ќе слушнете кон крајот на денот.

Терезија
Секојдневните обврски се потешко ви паѓаат иако уредно и на време ги извршувате. Изгледа дека ви дошло време да одите на некое кратко патување. Состојбата во љубовта е оптимистичка.

Скорпија
Презедовте голема одговорност на себе, но изгледа дека тоа е она што ви треба. Ова не е поволен ден за љубовни искуства, па би било добро да се занимавате исклучиво со работа. Внимателно со лековите.

Стрелец
По неколку дена пауза, повторно сте спремни да се препуштете на емоциите. Со партнерот ќе имате исклучителен контакт и тоа ќе ве направи задоволни. Сеоак ве очекува мал семеен проблем.

Јарец
Во јавноста постигнувате забележани резултати и поради тоа денес се чувствувате задоволни. Помали расправии ќе имате со саканата личност. Парите ги добивате преку пријателски врски. Недоразбирање со блиските роднини.

Водолија
Денес ќе имате многу необичен разговор по кој ќе ви се отворат нови видици. Ситуацијата во која се наоѓате ви изгледа оптимистична од кога и да е. Во љубовта добро се снаоѓате, но не и со парите.

Риби
Изгледа дека односот со партнерот ви се влошува. Од една страна не ви пречи неговото невнимание, а од друга страна сте свесни дека ви е многу потребен. Ќе добиете можност некаде да отпатувате.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>