Top

Претпремиера и премиера: ОЛОВО НА ПЕРНИЦА

Четири претстави и три премиери го одбележуваат март како месец на премиери во Драмскиот театар. Во тек се интензивните подготовки за претстави од различен жанр и со различни актерски и авторски екипи кои ќе го збогатат репертоарот на Драмски, а со тоа ќе и овозможат на публиката да ужива во домашни и класични светски текстови.

Првата премиера е закажана за 13 Март (недела, 20 часот)  кога премиерно ќе се изведе претставата „Олово на перница“ по текст на еден од најплодните македонски современи автори Венко Андоновски, а во режија на младиот режисер Димче Николовски. Во оваа копродукциска претстава, по жанр траги-комедија, настапуваат Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

Претпремиерата на пртставата е закажана ден порано, 12 Март (сабота) со почеток од 20:00 часот.

Фотографијата е дел од претставата “Умри машки” чие следно поставување на сцената на Драмски Театар е закажано за 14 Март.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>