Top

Хамлет, БААЛ, Олово на перница и Спиноза во Драмски театар (28.03 – 03.04.11)

Следува богата седмица со претстави во Драмскиот театар. Распоредот е следен:

Хамлет (29.03.2011 – вторник, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.



Последните два дена од овој месец се резервирани за последната мартовска премиера во Драмски. Имено, претпремиерата на БААЛ од Бертолт Брехт, а во режија на Мартин Кочовски е закажана за 30.03.2011 година со почеток од 20:00 часот, а ден потоа, 31.03 и официјално БААЛ ќе ја доживее својата премиера. На даските што живот значат ќе ги видите: Зоран Љутков, Ванчо Петрушевски, Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Филип Трајковиќ, Јана Стојановска, Марија Стефановска, Ева Скендеровска, Ѓорѓи Тодоровски, Катерина Шехтанска-Лакоски, Валдета Исмаили, Никола Ацески, Денис Абдула, Валентин Костадиновски и Жарко Димоски.

Олово на перница (01.04.2011 – петок, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски, чие премиерно издание беше на 13-ти март. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

Фотографијата е дел од претставата “Умри машки”.

Сабота (02.04.2011) и недела (03.04.2011) со почеток од 20:00 часот ќе може да ја проследите претставата Спиноза од Гоце Смилевски, во режија на Зоја Бузалковска. Улогите за Спиноза им се доверени на Васил Зафирчев, Александар Степанулески, Дарја Ризова, Катина Иванова, Борче Начев и Петар Стојановски.

Доделуваме по две гратис карти за Хамлет (29.03.11), БААЛ – Претпремиера (30.03.11), Олово на перница (01.04.11) и Спиноза (03.04.11). Вашето име и презиме испратете ни го на contact@ilike.mk, а притоа обавезно напоменете која од горенаведените претстави би сакале да ја проследите. Доколку сте добитник на гратис билети ќе добиете повратен меил.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>