Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (26.10.2021)

ОВЕН
Пред вас е поволен ден, особено на полето на финансиите. Очекувајте поволна парична добивка. Семејните околности се добри и тоа е најважно. Односот со партнерот е се’ поинтересен.

БИК
Се наоѓате во центарот на сите случувања и ви оди од рака се’ што ќе фатите. Ова е особено нагласено ако се занимавате со приватна работа и доколку сте започнале преуредување на станот. Здравјето е добро.

БЛИЗНАЦИ
На работа е стабилно. Можен е помал трошок. Имате поддршка и помош од страна на партнерот. Ќе успее да ве израдува со убави вести, но чувството на недоверба и понатаму е присутно. Чувствителни се органите за варење.

РАК
Се’ е во знакот на заминување на пат во странство. Подгответе се за уживање, а проблемите оставете ги дома. Финансиската ситуација е добра. Наскоро некои пари ќе ви бидат вратени. Многу флертувате.

ЛАВ
Емотивно сте позадоволни и постабилни од изминатите денови, па расположението ви е многу подобро. Финансиите се променливи. На работа ве очекува вистински успех. Можно е унапредување. Здравјето е добро.

ДЕВИЦА
Уште некое време нема да се видат резултатите од вашата работа. Очекувајте убав подарок. Ги прикривате емоциите кон партнерот. Таинствени сте. Немате конкретни здравствени проблеми. Престанете да вообразувате.

ТЕРЕЗИЈА
Ситуацијата на работа е комплицирана. Односот со соработниците се’ уште е лош. Побавно трошете ги парите. На емотивен план, за промена, расположени сте. Ви годи вниманието на пријателите. Силни сте и витални.

СКОРПИЈА
Полето на љубовта е особено активирано во следните два дена. Ви претстојат убави моменти со партнерот со многу страст. Ако не сте во врска, ве очекува добра прилика на работа. Во семејството нема проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Поради природата на работата, ќе бидете принудени многу да се движите, но договорите нема да бидат реализирани од прв пат. Финансиската ситуација е солидна. Некој во семејството се враќа од подолг пат. Здравјето е добро.

ЈАРЕЦ
На деловен план само редите успеси. Комуникацијата е добра. Стигнуваат добри вести во семејството. Љубовниот живот ви е релативно стабилен, само партнерот е многу нервозен поради проблемите во семејството.

ВОДОЛИЈА
Тешко постигнувате континуитет во работата, што многу ви ја отежнува работната ситуација. Во семејството извесна е парична добивка. Ако сте во брак, партнерот ќе биде во емотивен занес. Ќе има многу нежности.

РИБИ
Доколку сте на годишен одмор, веројатно многу сте олабавени, но време е да се тргнете. Ве очекуваат многу работни обврски. Нагласена е страста во односот со партнерот. Здравјето е добро.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>