Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (26.09.2022)

ОВЕН
Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Преиспитајте ги своите барања и критериуми. Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите.

БИК
Незадоволни сте и вознемирени иако се трудите тоа да го прикриете. Загрижени сте, а причина за тоа е нејасната претстава за ситуацијата во која се наоѓате. Бидете трпеливи, ситуацијата ќе се искристализира. Тогаш, конечно, ќе знаете на што сте и како да ги совладате проблемите.

БЛИЗНАЦИ
Доколку на кој било начин се потрудите некого да искористите, лошо ќе поминете. Бидејќи од другите очекувате повеќе отколку што се подготвени да ви дадат, ќе бидете незадоволни и разочарани. Затоа, бидете скромни со барањата иако скромноста не е ваша јака страна.

РАК
Доколку научивте да се слушате себе и сопствените потреби, ќе биде се’ в ред. Во спротивно ве очекува хроничен стрес. Тоа посебно се однесува на припадниците кои за нешто чувствуваат грижа на совест. Се’ уште не е доцна да го промените однесувањето.

ЛАВ
Ве очекуваат промени и тоа во позитивна насока. Се’ што за вас е предмет на однесување ви претставува задоволство. Работевте напорно, затоа може да очекувате и финансиска добивка. Партнерот ве поддржува во се’, но немојте премногу да го искористувате тоа.

ДЕВИЦА
Нервозите се неизбежни за овој период. Се навредувате поради секоја ситница и го таложите внатрешното незадоволство. Тоа е сосема погрешно, имате многу причини за да уживате, но не знаете како да го направите тоа. Излезете на воздух и наполнете ги батериите.

ТЕРЕЗИЈА
Никако да најдете златна средина. Постојано одите од една крајност во друга, се нервирате или сте сосема олабавени. Моментно сте во позитивна фаза. Имате поддршка од блиските, затоа избегнувајте какви било расправии со нив. Партнерот ќе биде покрај вас и ќе ги следи сите постапки.

СКОРПИЈА
Не дозволувате никој да ви се меша во она што го работите ниту, пак, да ги ограничи вашите активности. Сметате дека сте доволно паметни за да размислувате со сопствената глава и сами да донесете одлуки. Можна е нервоза затоа потрудете се да се релаксирате.

СТРЕЛЕЦ
Бидејќи многу обврски обработувате со леснотија, слободно проширете го списокот. Во елемент сте, а тоа не се случува често, затоа искористете ги своите пет минути. Ве очекува успешна професионална соработка. Бидете внимателни, наклонети сте на погрешни процени.

ЈАРЕЦ
Се’ е во стилот топло-ладно. Осцилациите и расположението се големи. Доколку се занимавате со економија ве очекува успех. Во спротивно, ќе бидете незадоволни и помалку нервозни. Конечно, ви се враќа надежта и вербата во љубовта, затоа, уживајте во периодот што следува.

ВОДОЛИЈА
Добро се чувствувате и покрај тоа што постојано некој ви се меша во животот и работата. Пред себе си поставивте многу обврски, не грижете се доколку нивното реализирање малку задоцни. Олабавете се и размислувајте за романтичното патување што ве очекува.

РИБИ
Доколку се појават здравствени проблеми не бидете хипохондрични, малку почекајте. Доколку одите на лекар, постои можност да се постави погрешна дијагноза. Благодарение на интензивната фантазија и талентот брзо ќе се извлечете од ситуацијата што ви создава проблеми.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>