Top

ТОТЕМИ – Алан Делорм

Новата серија на фотографии на францускиот фотограф Алан Делорм е насловена „тотеми“. Фотографиите се земени за време на две уметнички случувања (поддржани од Ailing Foundation). Делорм учествуваше во Шангај во 2009 и 2010та година, па фасциниран од големиот број на мигранти, решил да го фотографира стогот од богатство на продукти “made in china”. Тие формираат несекојдневни скулптури, симболи на форма на целосна посветеност на самите објекти. Вертикалноста на овие формации одекнува во непрекината експанзија на урбаниот простор, постојано во изградба. Делорм дава нова визија полна со хумор и поезија кај овие вратари – супер херои, а сепак само обични мравки покрај купиштата гуми, контејнери за вода, канцелариски столчиња, цвеќиња…
Оддалечувајќи се од типичните фотографии на Кина каде се прикажува неизмерната толпа народ, тој се фокусира на индивидуалноста на овие работници, како противење на сите останати, идентични и заменливи објекти.



Автор: Мила Габунија




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>