Top
Baknezhi-vo-krevet-iLike-mk

Комплициран наслов

Собирајќи ги ѕвездите паднати врз моите соништа,
зашеметена од една насмевка
и самата паднав во нечија прегратка,
во еден сон,
во една бајка.

И баш тогаш мислев кога китев
еден збор со една ѕвезда,
китки зборови потопени во ѕвезди.

Светнати образи и насмеани очи
кои говорат повеќе од занемените усни,
барајќи нешто соодветно да кажат.

И тогаш зборовите губат смисла.

Бура од емоции и зовриена крв,
некаде меѓу небото и земјата.

На прагот од рајот,
од задната страна.

Затскриениот дел, засенет од пупките на страста,
каде двајца се опсипуваат со бакнежи.

Таму каде трепери нечие срце,
каде нежни допири и испреплеткани прсти везат насмевки,
а воздишките вкоренуваат булки на душата.

Автор: Наташа Егуменовска


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*