Top
Dozdot-i-solzite-iLike-mk

Дождот и солзите

Зборовите никогаш не доаѓаат „од прва“…
Ги гори свеќата.
Ги тресе маката.

Молкот е зло.
Немојте да молчите кога надвор врне…
Не барајте чадори, оставете ги капките да се слеат со солзите.
И нека водат љубов…

Љубов испеана во прости реченици и нацртана таму меѓу шините…
Шините на возовите, што одат на далеку…
Далеку од очите, но длабоко во срцето.

Ти пак таму братко мој…
Ми пееш за твојата убавица.
И секогаш ќе биде така…

Се смееме додека одиме под дождот…
Како двајца „буљаши“ без чадори.
Со „педерките“ преку рамо.
Ти ќе продолжиш да ми пееш за твојата убавица.
А јас ќе гледам нагоре и ќе се смеам, додека дождот води љубов со моите солзи…

Автор: Атанас Величков


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*