Top
Devojka-i-momce-pijat-crveni-vino-iLike-mk

А, бевме едно…

Бевме едно. Едно бевме! Буквално. Ама никој не разбра. Знаеш дека те сакав до месечината и назад. Бевме најдобри другари, уште подобри љубовници.

Поминавме многу, ептен многу за тоа кратко време. Со мотор, со кола, пијани, здрави, секакви бе секакви. Можевме да загинеме како идиоти затоа што тоа и бевме. Ама Бог не сакаше, па кој би рекол дека не нѝ било судено.

Најмногу сакав кога ме носеше дома и тишината која кажуваше повеке од нас. Повеке од 1000 зборови.

Ти текнува колку не те сакав пијан? Ти текна оваа вечер знам. Те погледнав во очите додека те молев да си одиш. И во нив ги видов сите слични моменти. Видов се што ме врати назад, сè што бевме некогаш, и ми дојде да плачам. Да плачам и да ти викам на сет глас да си одиш дома и покрај неа да заспиеш. Но, сепак изустив тивко за никој да не разбере како до сега. Јас? Се вратив на местото каде што застанав, го испив црвеното вино што ми остана и заминав.
Дома ме чекаа разгорениот камин и уште една чаша црвено вино за да заспијам како ништо да не се случило.

Автор: Викторија Попова


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*