Top
Mene-po-tebe-kje-me-pamtat-iLike-mk

Мене ќе ме паметат по тебе

Некој ќе ме памети само по моите песни,
по моите искривени стихови
родени за твоите како ден црни очи.
Ќе бидам стар колку век во настанување.

На врвовите од прстите
ти секогаш ќе му пркосиш на светот:
моите песни ќе се твои потсетници,
напишани, речени,
можеби и извикани -
како што се вика име кое постои
на сите јазици
и тропа во градите.

Ќе ме паметат по моите песни
затоа што ги обојуваше
исто како што се обојува асфалт сред есен,
како што се топи снег во март.

Моите песни.
Никогаш не напишани,
неми песни за твоите години,
за твоите исчезнувања и враќања.
Оловни песни со железен вкус.

Мене ќе ме паметат по тебе.

Автор: Сашо Димоски


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*