Top
koga-ti-e-najteshko-iLike-mk-diary

Кога ти е најтешко

Кога ти е најтешко, кога ти се чини
дека гласот ти е крик, a погледот – молење,
загледај се, нурни се во водите сини,
ај, во таа свежина, во тоа шумолење.

Ќе сетиш со длабок здив
сила и смирување.
Погледот ќе блесне жив,
жив од подмладување.

Чита: Софија Гогова – Врчаковска / Автор: Ацо Шопов


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*