Top

Неговите сигнали од А до Ш

Луда си по него. Уфффф, не можеш да замислиш да помине макар еден ден без да се видите. Ако сакаш да дознаеш дали вашата врска е на добар пат или ќе заврши неславно, прочитај ги од А до Ш сите сигнали кои ти ги испраќа ТОЈ.

Ако ги прашува другите за тебе – заинтересиран е и не се срами да го покаже тоа.
Би сакал да излезе со тебе – излегуваш трчајќи.
Возбудено зборува за неговата поранешна – с# уште не е “излекуван” од таа болест. Побрзо одглави се ти од него!
Го откажува состанокот – не е добар знак, особено ако е прв.
Добиваш ЦД со љубовни песни – ахххххххххх!!!
Ѓаволесто се вртка околу твојата најдобра другарка – внимавај!!!
Евтино се облекува за да не мислиш дека е сноб – каква скромност!
Желба му е да го запознае целото твое семејство – сериозно размислува за вашата врска.
Заборава како се викаш – не сака да се малтретира со детали. Ти, заборави го него!
Ѕвони на телефон постојано – добар или лош знак, зависи од тоа колку ти се допаѓа.
Излегува од вообичаената рутина за да те види – одличен знак.
Ја држи твојата рака – огромен скок напред!
Кога е со тебе не погледнува ни една друга девојка – тој е редок примерок, и притоа е 100% твој.
Лаже – откачи го веднаш!!!
Љубоморно те следи секаде – иако можеби сега ти годи, тоа не е знак за силна заљубеност, туку повеќе доказ на неговата несигурност.
Мрмори за секоја глупост – несигурен е, а за тоа не си виновна ти. Или не знае точно што чувствува за тебе. Лошо!!!
Не ти се јавува кога ќе ти каже дека ќе се јави – не си го губи времето чекајќи го покрај телефонот… Продолжението причитајте го во ТАА & ТОЈ ;D




3 Коментари

Напиши одговор на Симона Ангелеска Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>