Top

“И јас сум дете!”

 

“И јас сум дете!”

(прв дел)

Не давај ми мајко ластик,
со штикли ластик не се играт!

Не давај ми мајко Бекутан крема,
со мојта пудра не е во шема!

Не давај ми мајко лижавче,
за него нема место до моето цигарче!

Не давај ми мајко “Наш Свет” да читам,
за КОСМО ќе треба по улици да питам!

Не давај ми мајко од кајсија сок,
кришум пијам водка ко смок!

Нит ми дај цртан да гледам,
јас само Фешн ТВ следам!

Тук ми шминка мајко дај,
ф’стан танок, деколтиран и краток,
да фатам момак сладок
висок до папок!

Ние не сме моми фини,
не сме верни
ко Санто од Бандини!

Па што ако школо немам,
богат маж ќе си земам!
ќе има и за мене… и за тебе…
а него мајко… кој го е*е!

шифра: Мама знае најдобро!

 

Јазик со трајна депилација




1 Коментар

Напиши одговор на ane Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>