Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (25.11.2022)

ОВЕН
Денес сите случувања се одвиваат со брзина на светлината, но за чудо, ќе вродат со плод и успех. А, вам баш ви одговара функционирање во тој стил. На емотивно-љубовен план можни се мали кризи и проблеми. На крај на денот ќе чувствувате тензија пропратена со замор. Можеби можете да го забавите темпото со кое живеете?

БИК
Доколку немате обврски, никој не ви брани да се одморите. Денес завршете ги само неопходните задачи. Како последица на вашите негативни емоции односите со вашиот партнер не се баш завидни. За кавгите и проблемите сами сте виновни, па бар на моменти потрудете се да се корегирате. Добро размислете доколку имате можност да заминете деловно вон државата.

БЛИЗНАЦИ
Летате на килимот на фантазијата и никој не може да ве спушти во реалниот свет. Најдобро би било да се задржите во светот на идеалите. Но, за жал, ќе бидете приморани да се приземете. Паднатиот имунитет и склоност кон вирусни инфекции се две нешта кои ги попречуваат вашите секојдневни активности. Побарајте помош од доктор доколку не се чувствувате добро.

РАК
Можни се расправии со Близнаци поради различните ставови за животот и светот воопшто. Само замисете ја ситуацијата кога на едно место ќе се најдат две комплицирани личности – вистинска војна. Вие точно знаете што сакате, но не им ги наметнувајте вашите идеи на другите. Дозволете им на другите да се почувствуваат дека вредат. Работете на вашата објективност.

ЛАВ
Доколку мислите дека животот е една голема забава – многу се лажете! Актуелниот проблем од вас бара максимална концентрација и решителност, но вие сепак ќе излезете на крај бидејќи умеете да носите разумни одлуки. Така што решавањето на проблемите нека ви биде приоритет, а забавата споредна работа. Оставете ги новите задачи за некој поповолен момент.

ДЕВИЦА
Реалноста не е розева, работите не се одвиваат со посакуваното темпо и во вистинската насока, па сето ова создавава во вас силен немир и незадоволство. И телото пополека попушта. Помогнете си себе си и размислувајте за некои убави нешта кои ви се случиле во минатото. Највожно е да знаете дека сте љубени. Повеќето од вас се во врска во која нештата одлично се одвиваат.

ВАГА
Си пречите сами на себе, а и на другите. Доколку не сте свесни за сопствената комплицираност и желбата за доминација, само прашајте ги вашите блиски луѓе и тие ќе ви кажат како делувате во нивните очи и како се однесувате. Вашиот партнер со соочува со голем број проблеми, но за истите не сака да ве оптеретува. Не смеете да се пожалите за однесувањето на вашиот љубовен партнер. Поработете на своето однесување и сменете нешто.

СКОРПИЈА
Очекувате да прочитате позитивни зборови во овој хороскоп, фрази за охрабрување. Па, еве ги. Вие сте личност која умее успешно да реализира многу тешки задачи и обврски, затоа ни моменталните проблеми нема да ви претставуваат голема тешкотија. Не се грижете – никој не ве мрази. Фокусирајте се на работата бидејќи таа е вистинскиот начин да не размислувате за евентуалните болести.

СТРЕЛЕЦ
Самотијата ви годи. Некоја добра книга или убав филм можат да ви помогнат да постигнете внатрешен мир кој изминатите денови го изгубивте. Додека живеете во својот свет, размислете како за момент да се одвоите од вашиот партнер бидејќи почнавте да го оптеретувате. Себично да ваша страна.

ЈАРЕЦ
Здравствената состојба не е на завидно ниво. Обидете се да го смените начинот на размислување и фокусирајте се на себе. Можеби на тој начин ќе ги сведете проблемите на минимум. Моменталните околности не ви гарантираат подобрување на атмосферата која ве опкружува. По природа сте трпеливи, па се надеваме дека нема баш сега таа ваша трпеливост да ве изневери.

ВОДОЛИЈА
Мора да се вразумите и да ја намалите хистеријата. Зошто баш сè мора да биде како што вие сте замислиле? И партнерот понекогаш може да биде во право. Здравствената ситуација бара помош од доктор, па не се тешете со автосугестија. Дружењата со Јарец стануваат опасни.

РИБИ
Одличен ден за да го работите она што го сакате. Можно е некоја Водолија да се обиде да ви го расипе расположението, но не и дозволувајте. Поволна ситуација на сите полиња, па сркајте од медот со голема лажица. Немојте да ги пропуштате шансите кои подоцна нема да се повторат. Фрлете со во акција со Лавови и Близнаци.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>