Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (23.06.2021)

Овен
Периодот на леснотија и оптимизам се менува со незадоволство и нервоза. Ја прифаќате лажната слика за себе, што ја создавате за другите. Работата не смее да ги почувствува вашите слабости, но затоа семејството може. Тоа е одличен вентил за празнење. Сте се прашале ли до каде ќе можете да го издржите ваквото однесување?

Бик
Успешен деловен период. Бидејќи сте подготвени за соработка и компромиси, со леснотија ги остварувате идеите. И повеќе од тоа: одлично се чувствувате, зашто владеете со ситуацијата на сите полиња. Посебно ве радува фактот што успеавте да се ставите под контрола.

Близнаци
Иако ситуацијата бара проверка на нервите, успешно ја надминувате. Брзоплето носите одлуки, молневито дејствувате, но брзината и развојот на настаните му одговара на вашиот темперамент. Се советува одмор и пасивно комуницирање во вид на водење на преписки. Метаболизмот е лош.

Рак
Ако сте бизнисмени може да очекувате деловен успех. Ќе има поволни аранжмани, но и пари. Сите ги критикуваат Раковите дека се зависници од пари. Луѓето околу вас не можат да ја следат динамиката на вашиот ментален склоп. Единствено на Близнаците и Стрелците тоа им поаѓа од рака.

Лав
Нервозата е придружно чувство што може да ве блокира. Обидете се да не обрнувате внимание на неа, туку свртете се на работата и нештата што ви претставуваат задоволство. Не влегувајте во расправии. Бидете потолерантни и не ги преценувајте своите можности.

Девица
И понатаму сте под впечаток од извесни случувања. Не се надевавте дека нештата ќе тргнат по овој тек , но имавте многу среќа. Добро се чувствувате, расположени сте и комуникативни. Имате време за се, па и за љубов. Ја ширите на сите страни. Водете сметка да не ги потрошите сите адути.

Терезија
Сте забележале ли дека често мислите дека сте најпаметни. Не сте ни свесни колку на околината и пречи вашата самоувереност и самозадоволство. Тие маани мора под итно некако да ги совладате, зашто во спротивно може да трпи не само пријателството, туку и љубовта и бракот.

Скорпија
Пред вас е успешен ден. Се чувствувате добро и таквата состојба поделете ја со најблиските. Умеете да делите и добро и зло со околината. Затоа сте сакани и радо видени на секое место. Барем така е најчесто, со исклучок на моментите кога забегувате и не ви е гајле за ништо. Како и секој друг човек.

Стрелец
Искористете го вистинскиот момент за да ја остварите деловната идеја: нема сомнение дека ќе успеете. Бидејќи среќата обично оди во комплет, не можете да се пожалите ни на личноста покрај себе. Под услов да сте осамени, излегувајте колку што можете повеќе и дружете се.

Јарец
Чувствувате силна потреба за љубов, имате сила да се борите со предизвиците и поседувате исклучителна творечка моќ. Не навалувајте на партнерот со сила, ако сакате да доживеете убави, дури и незаборавни моменти. Бидете понежни, посуптилни, не ги покажувајте грубо своите чувства.

Водолија
Доколку си го зададете невозможното и ги прецените своите можности, нервната напнатост неминовно ќе настапи. Затоа мора да ги намалите апетитите. Бидејќи поседувате зајакнати ментални способности, ќе избегнете опасност од измама. Слободните моменти минете ги занимавајќи се со нештата што ги сакате.

Риби
Успевате максимално да се опуштите и да уживате. Кусата пауза искористе ја да ги наполните батериите, зашто пред вас се животни искушенија. Моментално, пријателите и љубовта се заслужни за состојбата на среќа и убавиот изглед. Уште кога би успеале да ја намалите порцијата и да се дисциплинирате во исхраната.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *