Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (23.04.2021)

Овен
Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите! На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете се’ што знаете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата

Бик
Привлекувате личност за која не сте сигурни дали одговара на вашиот идеален тип. До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогне медитацијата и вежбите за истегнување. Не ги потценувајте непријателите.

Близнаци
Денот ќе изобилува со пријатни доживувања и сознанија. Многумина ќе примат љубовна порака која ќе ја засили вашата самодоверба и верба во подобра љубовна иднина. Зад поканата за патување се крие нешто интересно.

Рак
Не ги губете нервите за детали, односно заради нечие туѓо однесување. Постојат околности и личности, на кои за сега не можете да влијаете. Подобро здивнете од работата и договорете се за вечерно излегување. Ќе ве развесели пријатно и насмеано друштво.

Лав
Ваша блиска личност ќе биде многу нервозна. Многу време ќе потрошите разговарајќи со неа за проблемите што ја мачат. Ќе ве развесели една случајна средба по пат. Финансиската ситуација на кратко ќе го одложи исполнувањето на плановите.

Девица
Здравствените проблеми се само последица од гладување, или претерување. Бидејќи, веројатно сте се опаметиле, почнете со диета. Емотивните заблуди се последица на погрешните постапки и неможноста да се приспособите на материјалната ситуација.

Терезија
Многу припадници на овој знак имаат емотивни проблеми, проследени со љубоморни сцени. Кој ви е виновен, кога не знаете да се поставите. Погрешните постапки водат кон инхибиција и страдање. Можеби една од причините е проблемот со жлездите? Чувството на осаменост е неизбежно.

Скорпија
Ако само малку се потрудите, ќе најдете нови извори на забава и разонода. Една личност “опасно” ви се приближува. Ќе ви пречи нејзиното одлично познавање и читање на вашите слаби страни. Потребни ви се повеќе предизвици и возбудувања.

Стрелец
Вистински момент е да се позанимавате со својата линија. Би можеле да пратите порака на една личност, којашто смета дека неправедно ја запоставувате. Завршете важни телефонски разговори. Работата ви е на прво место но и партнерот со кого ви цветаат рози.

Јарец
Ако денеска настаните не течат според вашите очекувања, не ја губете надежта. Ситуацијата во последен момент може да се сврти во ваша корист. Важно е да ја зауздате вашата нервоза и задржете ја контролата на своите реакции. Не се откажувајте пред крајот.

Водолија
Не сакате да мирувате, па се насочувате кон љубовта која ви цвета во последно време. Оној што ве интригира тоа го прави суптилно и дозирано, многу се нервирате. Ако сакате навреме да ги завршите работните обврски, бидете трпеливи.

Риби
Немате јасна претстава за тоа што сакате, можни се застранувања и киксеви. Романтично сте расположени, смислата за уметност е силна едноставно заљубени сте. Ќе бидете задоволни со постигнатото, затоа одете само напред.

 




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *