Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (27.06.2023)

Овен
Ќе бидете многу расеани и збунети. Другите луѓе ќе ве предупредуваат на поволните прилики и вистинските моменти за акција. Во љубовниот живот ќе изразите желба повнимателно да ги истражите причините на случувањата што ве загрижуваат. Внимавајте на здравјето.

Бик
Тешко ќе се решите каде и со кого вечерва да излезете. Би можеле да посетите повеќе забави, а на ниедно место нема долго да се задржувате. Претерувањето во било што ќе биде виновно за проблемите со желудникот. Некој ве набљудува. Напнатоста не им ја искажувајте на невините.

Близнаци
За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите со домашните. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со трачеви и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга. Извршете ги последните подготовки.

Рак
Со леснотија ќе комуницирате, ќе се дружите и ќе се договарате со саканата личност по сите важни прашања. Ако излезете навечер, ќе запознаете интересни личности, а симпатијата на прв поглед ќе биде взаемна. Одете да некој концерт, во диско или во кино.

Лав
Ќе посакате таинствен вечерен помин, ослободен од големи очекувања, кога станува збор за забава. Но, чувството дека би можеле да разочарате некого, ќе ве натера да ги смените плановите. Финансиската ситуација бара штедење. Внимателно со пороците.

Девица
Со доброто расположение ќе ги привлекувате личностите желни за смеа и забава. Телефонот постојано ќе ви ѕвони, па многу време ќе потрошите на долги разговори и детални договори за вечерното излегување. Можна е возбудлива средба. Внимателно со телефонските импулси.

Терезија
Непланирано ќе потрошите многу пари за вечерна забава или ќе излезете во пресрет на молбата на една женска личност и ќе зајмите некоја вредна работа за важно излегување. Расположението ќе ви осцилира од многу добро до летаргично. Попладне одморете се.

Скорпија
Влегувате во мирен астролошки период. Но постои нешто што ви го одзема сонот и што морате да го решите пред да дојде до непотребни компликации. Некои ваши невообичаени постапки нема да испаднат како што мислите и нема пријатно да ги изненадат вашите сакани личности. Немојте да бидете брзоплети.

Стрелец
Работите ќе ви поаѓаат од рака. Иако ќе бидете носталгични, кога ќе падне мрак, сите грижи и сомневања ќе бидат заборавени. Одлично ќе си поминете во кругот на пријателите. Мајката или сестрата ќе ви подготви изненадување. Не се мешајте во туѓите проблеми.

Јарец
Ќе се чувствувате корисно, особено кога ќе успеете со мал знак на внимание да ги развеселите саканите личности. Иако ќе бирате друштво, вечерното излегување ќе испадне поинакво од планираното. Нема да зажалите, особено кога ќе видите некого. Бидете подостапни.

Водолија
Со доза на рамнодушност ќе ги прифатите фактите и информациите што ќе бидат ставени во ваша деловна надлежност. Помалку ќе се возбудувате поради недоразбирањата во приватниот живот, на кои засега не ќе можете да влијаете. Покажете повеќе одговорност. Прифатете ја раката на помирувањето.

Риби
Ќе иницирате забава и добро расположение. Ќе се најдете на место преполно со непознати лица, а ќе брилјирате во запознавањето и необврзните разговори. Провод во друг град, или кратко патување ќе биде полн погодок. Јавете се на една личност што се наоѓа далеку.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>