Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (21.04.2021)

Овен
Се колебате помеѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денеска се врзани за домот и за семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете.

Бик
Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот тек, па нервозите се неминовни. Обидете се на ваш својствен начин да ги санирате, да сочувате здрав разум и од кризата да излезете како победник. Начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите.

Близнаци
Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста на подучување, но и признанието отстрана – сето тоа ви влева сила и влијае на вашето добро расположение. Предност и давате на работата и на меѓучовечките контакти.

Рак
Убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови можете да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте што повеќе и дружете се. На некои случувања можете малку да влијаете, но не нервирајте се, се ќе се среди.

Лав
Иако имунитетот е на долната граница, а нервниот систем благо протресен, сепак, сте активни. Знаете да им одолеете на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Всушност, сите ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце.

Девица
Причината поради која сте нервозни навистина е индивидуална. Бидејќи сте личност која најмногу се нервира на работа, најверојатно, ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи станува збор за променлива состојба, издржете го предизвикот..

Терезија
Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте.

Скорпија
Вложувате голем напор и фанатично и приоѓате на работата. Морате да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога се во прашање неморалните постапки. Ве поддржува семејството и саканото лице.

Стрелец
Многу од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата, бидејќи можете да бидете склони кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели.

Јарец
Вие сте со променливо расположение, намуртени и незадоволни и тоа без посебна причина. Полесно ви е да паднете во депресија и од се да кренете раце отколку нешто конкретно да преземете. Не давајте се! Разменете го искуството со пријателите, па ќе најдете излез.

Водолија
Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многумина од вас се чувствуваат повредени, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко ќе успеете во тоа, бидејќи вам ви недостига одлучност.

Риби
Смислата за натприродното е комбинирана со интуиција. Искористете ја оваа состојба на вистинскиот начин. Бидејќи менталната конституција ви е чувствителна, подложеноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се спрема духовна еволуција.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *